Спектакуларно враќање на Џони Логан на Евросонг (галерија + видео)
По четири децении, суперѕвездата Џони Логан (69) спектакуларно се врати на Евросонг кој го направи славен, а неговите песни, Hold Me Now и What’s Another Year, хитови.
Тој беше првиот пејач кој победи на Евровизија двапати како пејач, во 1980 и во 1987 година (а потоа отиде и го освои трет пат во 1992 година како текстописец), па беше соодветно што шведскиот дифузер СТВ го покани Логан беше да се придружи на годинешното издание.
Тој, синоќа, на паузата од првото полуфинале на 68. издание на планетарно познатиот музички настан, во Малме Арената, на спектакуларна сцена со визуелни и светлосни ефекти и со симфониски оркестар, ни приреди несекојдневно музичко уживање, достојно за ѕвезда.
Низ фотографии ја споделуваме магичната вечер со Џони Логан. (Фото: ЕБУ)