„Спејс-Икс“ бара да лансира 100.000 сателити „Старлинк“ во орбитата


„Спејс-Икс“ (SpaceX) на Елон Маск штотуку поднесе барање до Федералната комисија за комуникации на САД (ФКК) за управување со мрежа од 100.000 „Ген-3“ сателити (Gen3) во Ниската орбита на Земјата.

Ова, според астрономот и следач на сателитите, Џонатан Мекдауел, ова, веројатно, ќе биде ажурирана верзија на широкопојасната сателитска мрежа „Старлинк“ на „Спејс-Икс“. Новиот план драстично би го проширил веќе масовното орбитално присуство на „Старлинк“. Американската технолошка компанија во мигов управува со речиси 10.800 интернет-сателити во Ниската орбитата и има одобрение од ФКК за уште околу 4.000 единици. Според Мекдауел, поднесокот на „Спејс-Икс“ до ФКК наведува дека секој од нив ќе тежи меѓу 2.000 и 2.500 килограми и ќе покрива вкупна површина од 300 до 400 квадратни метри кога нивните сончеви панели ќе бидат целосно распоредени.

Секој поединечен сателит „Ген-3“ ќе биде значително поголем од неговите претходници.

За споредба, верзијата на сателитите „Старлинк“ што „Спејс-Икс“ моментно ги лансира, познати како „В-2 мини“ (V2 Mini), тежи 800 килограми и покрива околу 116 квадратни метри.

„Спејс-Икс“ ги лансира „В-2 мини“ сателитите користејќи ја својата ракета „Фалкон 9“, којашто е главната „алатка“ на компанијата за тие потфати, обично во групи од 29 сателити. Сепак, „Ген-3“ е толку голем што веројатно ќе мора да се лансира со помош на „Старшип“ – масивната, екстремно тешка ракета што „Спејс-Икс“ ја развива за помош и во испраќањето луѓе на Месечината и Марс, меѓу другото.

Голем број други компании, вклучувајќи ги и „Амазон“ и „Блу ориџин“, исто така градат големи мрежи во Ниската Земјина орбита или планираат да го сторат тоа во блиска иднина. Разни поединци и организации се спротивставија на зголемената пренатрупаност во Земјината орбита, изразувајќи загриженост за влијанието врз астрономските набљудувања, дивиот свет и атмосферата на Земјата, и воопшто – на ноќното небо, меѓу другите прашања и можни проблеми.