Спасовски во дводневна посета на Кралството Холандија


Фото: Б. Грданоски

 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска и утре заедно со висока делегација од Министерството за внатрешни работи ќе ги посети Хаг и седиштето на ЕВРОПОЛ во Кралството на Холандија.
-При посетата на ЕВРОПОЛ, Спасовски ќе оствари средба со извршната директорка, Катрин Де Бол, а потоа ќе присуствува на презентации од страна на експерти од Европол за работата на Оперативните центри во Европол, како и посета на бирото на Република Северна Македонија во Европол, информираат од МВР.
Како што соопштија, министерот Спасовски истиот ден ќе оствари билатерална средба со заменик генералниот директор за управување со меѓународна миграција во Министерството за правда и безбедност на Кралството Холандија, Еуке Фабер и ќе се сретне со почесниот конзул на Република Северна Македонија во Кралството Холандија, Бено Фридберг.