Советот за реформи во правосудството го разгледа законот за управување со судските предмети


Советот за имплементација на стратегијата за реформи во правосудството (2017-2022) на денешната седница го разгледа законот за управување со движење на предметите во судовите.

Претставник на Министерството за правда ги запозна членовите на Советот со одредбите од законот, кој, како што соопшти Владата, има за цел да го спречи застојот и натамошното трупање на судските предмети.

На седницата на Советот беше разгледан и законот за академија за судии и јавни обвинители. Министерката за правда, Рената Десковска им се заблагодари на членовите на Советот за констатираните забелешки и понудените предлози за измени и дополнувања во насока на финализација на текстот на законот.