Советот на Град Скопје на „слепо“ избирал членови на одбори
И во Град Скопје и рекоа збогум на транспарентноста. Вчера изборот на новите членови на управни и на надзорни одбори, откако два месеци министерот за јавна администрација тврди дека става крај на партизацијата, се избрани на „слепоо“, без да се знае кои се и со какви квалификации бидејќи предлогот дошол без биографии.
„Денес мнозинството во Град Скопје поништи две добри практики од минатиот мандат: Не беше дадена биографија за ниту еден од предложените членови на управни и надзорни одбори и Советот гласаше на слепо што е недозволиво. Исто така во ЈП Лајка повеќе нема ниту еден член во одборите кој има допирна точка со заштита и хуман третман на животни.
Секоја партија што ќе седне на власт помпезно најавува професионализација на институциите, ама кога ќе дојде момент да се полага тестот, сите паѓаат на испитот“, реагираше Марјан калевски од Зелен Хуман Град.