Советот на Европа ја суспендира Русија од членството


Советот на Европа денеска ја почна процедурата за суспендирање на членството на Русија во оваа организација, изјави полскиот премиер Матеуш Моравјецки.

Русија е членка на 47-членото тело за човекови права од 1996 година.

Таа беше исклучена од Парламентарното собрание на Советот на Европа поради анексијата на Крим во 2014 година, но во 2019 година беше вратена со целосните права на одлучување. 

Инаку Русија е членка и на ОБСЕ каде што ги блокира сите продемократски политики и оваа организација со години е нефункционална, а наедно е членка и на Советот за безбедност што бара од неа поголема одговорност кон светот и кон принципите на Обединетите нации, но нема механизам како да се исфрли и од таа улога.