ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје на седница со транспаренти – „Не за бугаризација“


На денешната седница на Град Скопје, советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, станаа од своите места и пред говорница подигнаа транспарент на кој пишуваше „Не за бугаризација“.

При отворање претрес по една од точките од дневниот ред, советничката Андоновска се јави за збор, но место да дебатира, таа на претседателот на Советот, Трајко Славевски му даде две ливчиња со испечатена порака „Не за бугаризација“, а потоа целата советничка група излезе на говорница и со ист таков транспарент стоеше пред присутните и медиумите. 

ВМРО-ДПМНЕ се противи на францускиот предлог со кој би почнале преговорите на Македонија со ЕУ за влез во овој сојуз, а секојдневно ги поддржува и протестите.