Соопштување на добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП за 2025 (во живо)


На прес-конфереција во хотелот „Дрим“ во Струга ќе биде прогласен и добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2025 година за најдобра поетска книга меѓу два фестивала, објавена на македонски јазик. Во потесен избор за наградата се книгите „Рубедо“ на Андреј Ал-Асади, „Рајсфершулс“ на Јулијана Величковска, „Маслина и младост“ на Гордана Михаилова Бошнакоска, „На ти со Ерос и Танатос“ на Виолета Танчева-Златева и „Вообразби: лирски етиди за некој друг свет“ на Бранко Цветкоски.