Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози


Фото: Б. Грданоски

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози, соопшти Автомотосојузот на Македонија. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони.

-Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, наведува АМСМ.