Сообраќајот по влажни коловози, застои нема


Фото: Б. Грданоски

 

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Слаби врнежи од снег имаме во Маврово, Стража, Крива Паланка, Страцин и Смојмирово, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

До 15 март важи законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.