Сообраќајка кај мостот „Гоце Делчев“, возило се преврте и се запали, повредени четири лица (видео)


(Принскрин: ТВ Телма)

Четири лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случи вечерва кај мостот „Гоце Делчев“. Во несреќата едно од возилата се превртело и запалило.

– На 15.10.2024 околу 20:55 часот е пријавено дека на булевар „Гоце Делчев“ на кракот со улица „Лазар Личеновски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „шкода” со скопски регистарски таблички и патничко возило „бмв” со скопски регистарски таблички. Возилото “шкода” се превртело и се запалило. Четири лица се пренесени во Клинички Центар „Мајка Тереза“ за укажување на помош. Сообраќајот беше пренасочен кратко време, а сега се одвива во една коловозна лента, информираше вечерва Министерството за внатрешни работи.