СОНК: Прво да се направи пробен проект, а резултатите да кажат дали да се спојуваат предмети
Министерството за образование и наука да не брза со спроведувањето на планот за спојување предмети, апелираат од најголемиот синдикат во образованието, СОНК.
Синдикатот предлага прво да се направи пробен проект, да се видат резултатите, и токму од овие резултати да зависи самата примена.
Претседателот на СОНК, Јаким Неделковски во изјава за Сител вели дека сè уште не се знае како ќе се организираат часовите. Според него, најважно е ниту еден наставник да не остане без работа.
-Тој еден наставен предмет, интеграцијата би била на пример, ако се четири наставни предмети со колку проценти би влегле овие наставни предмети? Колку тоа би биле во фондот на наставни часови на еден наставник и дали тоа ќе биде важно за формирање на генералната оценка на оценка што е исто така многу важно, вели Неделковски во изјава за Сител.
Од министерството за образование тврдат дека со реформите освен факти, учениците ќе учат и критички да размислуваат за темите од наставните програми. Министерката Мила Царовска вели дека моделот за спојување предмети е работен по светски терк.
Предложените реформи за основното образование предвидуваат формирање два предмети – општествени науки во кои ќе се спојат историја, географија и граѓанско и природни со групирање на хемија, физика, биологија и географија.
Според Министерстово за образование, на тој начин ќе се скрател непотребниот обемен материјал кој досега се учел.