Сончево и многу топло


Фото: Б. Грданоски

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени Целзиусови.

И во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени Целзиусови.

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, утре и во текот на наредната седмица времето ќе биде претежно сончево и многу топло со пораст на дневната температура. Особено топло ќе биде од недела кога дневната температура насекаде ќе биде над 30, а наместа ќе достигне 40 степени Целзиусови.