Сојузот на стопански комори одбележа 20 години раст и развој


 Сојузот на стопански комори на Македонија одбележа 20 години постоење и делување во насока на креирање на подобро деловно опкружување за раст и развој на бизнисите во нашата земја. По тој повод беше организиран свечен настан кој се одржа во ресторан „Рагуза 360“ со присуство на високи претставници на државниот врв, претседателката на Р.Македонија Гордана
Сиљановска-Давкова,премиерот Христијан Мицкоски, амбасадори и претставници на дипломатскиот кор,бизнис елитата, новинари и други чинители активни во економското опкружување.

Сојузот на стопански комори е формиран во 2004 година, во период кој што беше пост транзициски,почна да се создава јадро на македонски приватни компании кои почнаа да се организираат согласно модерните системи на работење и управување.Фокусот беше во насока на создавање сопствена стопанска комора,според правилата кои ги забележуваа во светската пракса во однос на тоа како функционира успешниот бизнис.

По повод одбележување на 20 годишнината од основањето се доделија призананија за успешна соработка и придонес за активностите на ССКМ: за својата амициозност и посветеност на Драган Михаиловски, Зоре Темелковски бизнисмен, Богослав Ангелоски еден од основачите на
Сојузот на стопански комори, Ванчо Чифлиганец успешен бизнисмен,Велија Рамковски претприемач и еден од основачите на Сојуз на стопански комори на Македонија, посхумно признание за неговата работа се додели и на Адем Кочан кој беше и еден од основачите на Сојузот на стопански комори на Македонија, како пионер на приватната стопанска
иницијатива и бизнис, наградата ја прими неговиот син.

Проф. д-р Орце Симов, претседател на Комората за информатичко-комуникациска технологија при Сојузот на стопански комори на Македонија, додели сертификати за ВЕРИФИКУВАН МАКЕДОНСКИ ИКТ ПРОИЗВОД кои ги исполнија високите стандарди за квалитетот на нивните производи и креирањето на уникатни производи кои им нудат конкурентност на домашниот и на глобалниот пазар. Компаниите на кои им беше доделен сертификати:
Телелинк – противпожарен столб, Серафиомов Груп- E commerce, Ед ком -Auto Top Off, Сигма СБ-SSBedi,Даталаб МК- Pantheon WEB light.

„Дваесет години се навистина долг временски период, меѓу другите наши заложби, најголемите успех сметам дека е претставеноста на Сојузот на стопански комори,конкретно преку мојата кандидатура од пред неколку години за избран член во Генералниот совет на светската федерација на стопански комори. Да можете да бидете репрезент на интересите на регионот
на Југоисточна Европа,и во сите светски организации ќе продолжиме да бидеме максимално претставени,со што ќе ја отвораме вратата на македонските компании за соработка со светот“, истакна Ангелоски.

Сојузот на стопански комори на Македонија продолжува интензивно да работи на меѓународната соработка и отварање нови пазари, во текот на своето постоење Сојузот се изгради во етаблирана самостојна, независна, неполитичка и непрофитна организација, која застапува околу 20.000 деловни субјекти и во иднина ќе продолжи да гради поцврсти бизнис
релации и контакти со потенцијални европски партнери, олеснување на трансферот на знаење и технологии, како и промовирање на можностите за учество во програмите на ЕУ за истражување и развој.