Социјалистичка партија го оцени ветувањето за акциите во ЕСМ како „шарена лага“
Бомбастичната најава на СДСМ дека секој полнолетен граѓанин на Македонија ќе добие по 8.000 денари во акции од ЕСМ Социјалистичката партија на Македонија ја оцени како „шарена лага“ за да привлече гласачи.
„За глупавото ветување да биде поголемо и да не се открие перфидната измама што ја смислиле, не го открива сопственикот на 51 отсто од акциите.
Ковачевски признава тоа што секому е јасно за компаниската нетранспаретност, за превработеноста и ниската ефикаснот во работењето и нерентабилноста. Моделот за проценка на капиталот и за поделба на акции го нема ама има големи ветувања како шарена лага. Најавува дека граѓаните ќе добиваат дивиденда од компании кои сега работат со загуби“, велат од СПМ.
СПМ во соопштението уште го нарекува Стево Пендаровски „агент од службите“, а нему во кампањата требало да му помогне Димитар Ковачевски со вакви идеи.