Собранието утре ќе избира заменик-министер за здравство – предложен Арменд Арслани
Собранието утре ќе ја одржи 120. седница на која треба да биде избран заменик-министер за здравство.
Владата за нов заменик-министер за здравство го предлага Арменд Арслани, специјализант по урологија на Медицинскиот факултет при УКИМ, кој претходно работел како доктор по општа медицина во Специјализираната болница за нефрологија во Струга.
Арслани треба да дојде на местото на Асим Муса, кој поднесе оставка на функцијата по скандалот дека зел мито од пациент од Албанија за да му овозможи операција во Струга.