Собранието ќе продолжи со работа и по 19 часот

Во Собранието и попладнево се дебатираше за Предлогот за реконструкцијата на Владата, а по заседавање од околу час и половина, заменик-претседателот на законодавниот дом Горан Мисоски објави пауза и најави дека 104. седница ќе продолжи по 19 часот.
Пратениците се уште расправаат по првата точка на дневниот ред, односно предлогот за разрешување на членови на Влада, на досегашните министри за здравство Беким Сали, за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и министерот без ресор задолжен за дијаспора Џемаил Чупи.
Во попладневните часови, во рамки на седницата, говореа само претениците од опозицијата. Тие, како и во текот на претходните три дена денови, упатија критики за повторното реконструкирање на Влада, како и за лошото вледеењето на СДСМ и коалицијата. Претениците генерално зборува за економската криза, која се карактеризира за висока инфлација, иселувањето на младите, состојбите во здравството, осврнувајќи се на недостигот на лекари и лекарства, неостварените проекти ветувани од власта, корупцијата, како и за непродуктивното трошење на народните пари.
Опозициските пратеници истакнаа дека пратениците од Алијанса за Албанците, која со реконструкцијата и официјално станува дел од владејачкото мнозинство, „до вчера“ го критикувале владеењето на СДСМ и социјалдемократските пратеници и функционери ги нарекувале „криминалци и неспособни“.
Седницата за реконструкцијата на Владата почна пред четири дена.