Со транспаренти во Собранието против Талат Џафери

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска со изложени транспаренти во прес салата на Законодавниот дом побара оставка од претседателот на Собранието, Талат Џафери, по објавената аудиоснимка за која се тврди дека се слуша гласот на спикерот како ги пцуе и навредува вработените од службите.
Поглај главниот транспарент, имаше и помали на кои беа испишани и останатите непристојни изрази кои алудираат на Џафери.
ВМРО-ДПМНЕ побара седница на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања на која ќе се расправа за прекршувањето на Етичкиот кодекс од Талат Џафери.