Со трактор удрил во ѕид, повреден сопатникот
Во четвртокот, околу 10 часот во СВР Велес било пријавено дека на крстосницата од ул.„Браќа Кошулчеви“ и ул.„Кирил и Методиј“ во Велес, З.П. (63) од Велес управувајќи трактор „имт“ со приколка со велешки регистарски ознаки изгубил контрола и удрил во ѕид.
Во незгодата, сопатникот Г.Ц.(59) од Велес се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.