Со само 420 грама, тој е најрано родено бебе на светот: Имаше нешто посебно кај Кертис


Малиот Кертис е најрано родено бебе, потврди Гинисовата книга на рекорди. Детето родено во Алабама, САД имало само 420 грама кога неговата мајка го родила по само 21 недела.

Гинисовата книга на рекорди потврди дека Кертис, кој сега има 16 месеци, поставил нов рекорд, станувајќи најмладо предвремено бебе на светот кое преживеало.

Стандрадната бременост трае 40 недели, што значи дека ова момче е родено 19 недели порано. Мајката, Мишел Батлер, се присетува дека во болница дошла вечерта на Денот на независноста. Идниот ден на свет ги донесла близнаците Кетрис и Каси, но Каси починала следниот ден.

На Кертис му дале еден отсто шанси за преживување, но сепак победил. По три месеци е симнат од респиратор, а болницата ја напуштил во април годинава, по 275 дена на интензивна нега.

„Засекогаш ќе го памтам денот кога конечно Кертис го однесов дома“, вели мајката на маото момче, за Би-Би-Си.

На Кертис, кој има тројца постари браќа и сестри, уште му требаат дополнителен кислород и сонда за хранење, но докторите велат дека е со добро здравје.

Д-р Брајан Симс од Универзитетот во Бирмигем, кој го надгледувал породувањето, за Гинисовата книга на рекорди вели:

„Го работам ова 20 години, но никогаш не сум видел олку мало бебе кое беше многу силно, како што беше тој. Имаше нешто посебно во врска со Кертис“.

Малиот Кертис за 24 часа го собори рекордот кој го држеше Ричард Хачинсон од Висноксин, додека претходниот рекорд полни 34 години го држеше бебе од Отава во Канада.