Со мотор удрил во 18-годишна велосипедистка


Мотоцикл „априлиа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.Ш.(51) од Скопје, вчера околу 13,30 часот на улицата „Јордан Мијалков“ во Скопје, удрил во велосипедистката Е.Ѓ.(18) од Скопје. 

По незгодата Е.Ѓ. била пренесена во градска општа болница „Св. Наум Охридски“ каде што од доктор и се констатирани тешки телесни повреди. Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.