Со мотор „хонда“ загина 19-годишно момче во Прилеп


Млад 19-годишник смртно настрада во сообраќајка несреќа утрово во Прилеп. 

– На 30.04.2026 во  06:23 часот во ОВР Прилеп e пријавено дека на ул. „Леце Котевски”  во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус со прилепски регистарски ознаки, управуван од Г.К..(62) од Прилеп и мотоцикл „хонда” без регистарски ознаки, управуван од В.Б.(19) од село Големо Коњари, прилепско, информираа од МВР. 

По несреќата, В.Б. бил пренесен во Градска болница- Прилеп, каде од страна на доктор била констатирана смрт.

Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.