Со камион возел во спротивен правец, загинаа маж, жена и дете на патот Битола-Прилеп


Цело семејство од Прилеп загинаа, а едно лице е повредено во тешката сообраќајна несреќа што се случила утрово пред 8 часот на патот Прилеп – Битола на излезот од градот, во близина на селото Лагово.

Сообраќајката настанала во директен судир меѓу патничко возило „тојота“ со прилепски регистарски таблички кое се движело кон Битола и камион кој се движел во спротивен правец, кон Прилеп.

Екипите на Противпожарната единица сѐ уште се обидуваат да го изгаснат огнот зашто во директниот судир возилата се запалиле.

Според првичните информации од началникот на Итната медицинска помош од Прилеп, Боше Милошески, повикот до екипата го примила околу 7:45 часот и на лице место е констатирана смрт на прилепчаните Никола и Наташа Василески и нивното детеа додека со повреди се здобил возачот на камионот.

Екипите на полицијата и основното јавно обвинителство вршат сѐ уште увид на лице место, а магистралниот пат Прилеп – Битола е во целосен прекин.