Со камион удрил во пешак во Скопје

Во петокот, во 14 часот на ул.„Фуштанска“ во Скопје, товарно возило „пијаџо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(29) од с.Црешево, удрило во пешакот Ш.Б.(52) од с.Орланци, скопско.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ш.Б., констатирани во Градската ошта болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
Истион ден, во 13.50 чaсот на крстосницата од бул.„Гоце Делчев“ и ул.„Иљо Војвода“ во Скопје, патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.К.(77) од Скопје, удрило во пешакот Б.Х.(70) од Скопје и го напуштило местото.
Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница„Св. Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.