Со 3,16 промили алкохол правел неред пред зграда во Тетово


Фото: Б. Грданоски

Пијан маж агресивно се однесувал пред зграда во Тетово, по што бил приведен од полицијата, информираа од МВР.

Станува збор за Р.Ѓ. (56) од Тетово, кој на 20 април околу 14 часот бил затекнат пред станбена зграда во населбата „Блок 70“, каде го нарушувал јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон станарите.

По приведувањето, бил задржан во полициска станица, а при алкотестирање било утврдено дека имал 3,16 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.