Сметките за струја се повисоки за 30 отсто откако владата ги укина субвенциите, тврди СДСМ
Власта на Мицкоски и на ДПМНЕ ги укина субвенциите на цената на струјата за домаќинствата со што изврши уште еден удар врз џебот и стандардот на народот.
Голем број граѓани се жалат за огромните сметки за стуја коишто им се пристигнати за јануари и кои се значително поголеми од минатите месеци. Граѓаните реагираат дека јануарските сметки за струја им се покачени за 20 отсто, а некаде дури и за 30 проценти, изјави денеска на прес-конференција организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Костовски.
„Граѓани од Прилеп, Велес, Куманово, ни доставија сметките до нас платиле неверојатни 8.000 денари за струја во месец јануари или 2.000 денари повеќе од минатиот месец. На енормно високите цени на струја се жалат и компаниите.
Ова е директна последица на одлуката на Владата на Мицкоски за укинатите субвенциите за струја. Власта удира по стандардот на народот, скапотија е на сите страни.
Во време на ковид и енергетска криза кога СДСМ беше власт, граѓаните, училишта, претпријатијата болниците, сите добија евтина струја и во ниту еден момент немаше рестрикции. Ја вративме и евтината тарифа на струјата. Сега ДПМНЕ укина буквално сѐ и не само што покажа неспособност, туку и тотална негрижа за граѓаните“, рече Костовски.
Тој рече дека СДСМ бара власта веднаш да воведе субвенции за домаќинствата и да им се намалат сметките за струја на граѓаните. Како едно од решенијата е интервенција во висината на ДДВ за парно и струја.