Службеничката кој беше дел од корупцијата за пари од ИПАРД доби 10 месеци затвор


Програмата ИПАРД 3 отвори нови можности за земјоделството, но и за корупцијата

 

Службеничката Јасмина Костадинова, која беше обвинета за корупција со средства од ИПАРД програмата од ЕУ, наменети за земјоделците, доби затворска казна од 10 месеци. Во казната ѝ се пресметува и мерката куќен притвор од ноември лани, што значи дека во затвор треба да биде само три месеци. Бидејќи мерката куќен притвор ќе ѝ биде продолжена до правосилност на пресудата веројатно дека Костадинова воопшто нема да отиде во затвор.

За ова дело пропишаната казна е од една до 10 години затвор. Пресудата ја доби за „примање награда за противзаконито влијание“.

Првообвинет за давање поткуп во овој случај е Џевдет Насуфи, ексминистер и директор на фирмата „Сигнас-Арго“. Покрај него, обвинет за примање мито е и Илија Стоилев, поранешен директор на Агенцијата за финансиска поддршка. Стоилов беше фатен со 50.000 евра мито.