Словачка го шокираше фаворитот во групата Белгија, ВАР му поништи два гола на Лукаку


Групата Е денеска донесе две изненадувања. По победата на Романија против Украина (3:)), Словачка ја совлада Белгија минимално но многу вредно со 1:0.

Денеска не беше денот на водечкиот стрелец на Белгија, Лукаку, кој се изнапромашува, а и кога два пати ја погоди мрежата ВАР ги поништи головите.

Претходно, Романија направи големо изненадување совладувајќи ја Украина во првата средба од групата Е на Европското првенство, а Словачка приреди уште едно изненадување.

Тие поведоа на стартот од натпреварот откако Ромелу Лукаку промаши два шута. Најдобриот белгиски напаѓач пропушти уште неколку шанси после тоа, но потоа двапати ја погоди мрежата.

Сепак, двата гола му беа поништени по проверката на ВАР и Словаците можеа да слават огромна победа.