Слетаа авионите со останките на загинатите патници во Бугарија


Фото: Б. Грданоски

Транспортниот воен авион со посмртните останки на 45 -те жртви од автобуската несреќа што се случи во Бугарија, слета на скопскиот аеродром, од каде семејствата на жртвите ќе ги преземат. 

Претходно, транспортот беше одложен поради силен ветар на аеродромот во Софија.

Двата воени авиона полетаа од софискиот аеродром со посмртните останки на 45-те загинати македонски државјани, јави МИА.

Авионите ќе бидат придружувани од министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, кој за таа цел отпатува во Софија.

На Скопскиот аеродром останките ги пречекува висока државна делегација, а на плоштадот  „Скендербег“ во Скопје веќе се поставени венци пред кои граѓаните можат да им оддадат почит на загинатите во несреќата.

Поворката со останките која требаше да помине низ главниот град е откажана на барање на семејствата на загинатите.