Следната недела почнува исплатата на пензиите покачени за 1.000 денари

Септемвриската пензија пензионерите ќе ја добијат со покачен износ за 1.000 денари. Исплатата ќе почне следната недела.
„Од 1 октомври е првичната корекција на пензиите, она линеарно зголемување, а потоа ќе има и напролет, со што ќе се заокружи оној инвестициски циклус и зголемување на пензиите за пензионерите линеарно со вкупен износ за пензионер од 7.000 денари. Тоа практично ги надминува оние 5.000 денари што ги зборувавме за време на кампањата“, рече премиерот Христијан Мицкоски.