Славниот тенор Пласидо Доминго обвинет за сексуална злоупотреба
Тие тврдат дека во 80-тите години од минатиот век биле уценувани од Доминго да имаат сексуални односи со него во замена за улоги, а кога бил одбиен „тој професионално ги казнувал“.
Само оперската певица Патриша Улф јавно истапи, додека другите побараа да останат анонимни.
Доминго ги отфрла обвинувањата истакнувајќи дека го обвинуваат за нешто од пред 30 години.
– Ме боли да слушнам дека некого сум вознемирил или се чувствувал непријатно, без оглед колку долго помина, и покрај моите најдобри намери, истакна Доминго.
Тој исто така посочи дека сфаќа оти „правилата и стандардите според кои денес сме оценувани се различни од оние што постоеле порано“.
Павароти, Доминго и Карерас беа најпознатото трио тенори во светот.