Славески: Народната банка е пример за креирање политики засновани на квалитетни податоци и истражувања


итики со кои се одржува макроекономската стабилност. Затоа, Народната банка своите одлуки секогаш ги темели на робусни докази засновани на детални емпириски истражувања, статистички анализи и квалитетни податоци што го одржуваат и јакнат нејзиниот кредибилитет, а во време на глобални неизвесности и повеќе последователни кризи, токму силниот кредибилитет претставува најмоќната алатка за успешно остварување на целите на монетарната политика, порача денеска гувернерот Трајко Славески во своето воведно излагање на годишната конференција „Применети економски истражувања: патот кон оптимални национални стратегии и политики во турбулентни времиња“ што ја организира Балканската асоцијација на економисти во применета економија во соработка со Економскиот факултет – Скопјe при УКИМ и Сојузот на економисти на Македонија.

Славески се осврна на анкетното истражување на Global central banking околу главните приоритети на централните банки, оперативните поставености и  нивните истражувачки активности во следниот период.

-На прво место е финансиската стабилност, при што над 45% од централните банки даваат приоритет на финансиската стабилност и отпорноста, во контекст на тековните глобални предизвици. На второ место е справувањето со инфлацијата, при што мерките што ги преземаат централните банки се во насока таа да се сведе на историските нивоа од околу 2%. Третата област е кибер-безбедноста и вештачката интелигенција, коишто се новите предизвици пред кои што се исправени централните банки, истакна гувернерот Славески.

Во фокусот на истражувањата се и дигиталната трансформација, вклучително и воведувањето на дигиталните валути кои сѐ помасовно стануваат дел од стратегиите на централните банки.

Гувернерот посочи дека носењето на одлуки базирани на докази е неопходно за централните банки успешно да ја извршуваат својата функција во комплексноста на денешните економии, особено во услови на епизоди на висока инфлација, брзи технолошки трансформации, огромна неизвесност и гео-економска дезинтеграција.

Во своето обраќање Славески порача и дека Народната банка посветено и во континуитет работи на подготовка на напредни и сеопфатни истражувања и анализи, кои претставуваат еден од главните чинители при носењето на одлуките со кои се одржува севкупната макроекономска и финансиска стабилност на земјата.