Скрининг во Трубарево: Прегледани 111, а 11 продолжуваат со испитувања на Клиника

Министерството за здравство во соработка со Клиниката за пулмологија спроведува дводневен скрининг на населението во Трубарево, кој започна вчера.
Според првичните податоци од терен, на двата пункта во првиот ден се прегледани вкупно 111 лица – 56 лица на Пункт 1 и 55 лица на Пункт 2. Пациентите се генерално во добра здравствена состојба, но кај 11 лица е утврдено присуство на иритации и надразнување во грлото, поради што тие се упатени на дополнителни испитувања во Клиниката за пулмологија.
Скринингот опфаќа клинички преглед, мерење на пулс, сатурација и проценка на витален капацитет.
Министерството за здравство и Клиниката за пулмологија продолжува и денес со скринингот во Трубарево, со цел навремено откривање на евентуални здравствени проблеми и унапредување на јавното здравје.