Скопското Кале ќе биде активна туристичка атракција, најавува Љутков


Форо: Б. Грданоски

Долгогодишното запуштање на еден од симболите на градот Скопје, Калето, го направи овој објект неатрактивен за посета, освен за оние кои се качуваат за од таму да ја видат панорамата на Скопје. Патеките едвај се гледаат од нараснатите треви, а друга урбана опрема речиси и да нема. Кантите за отпадоци се искршени, како и клупите за седење, но и самата атмосфера на запуштеност, не мами некој да се дне и да се одмори таму.

Фото: Б. Грданоски

Сепак, сега, министерот за култура Зоран Љутков, најавува ревитализирање на скопското Кале, за што е формирана Комисија, а обезбедени се и пари од Управата за заштита на културно наследство.

Како што најави на денешното преставување на она што е сработено во првите 100 дена од новата Влада, во областа на културата Љутков рече: „Со цел отворање на скопското Кале за посетителите ќе се изврши негова ревитализација, како активна туристичка атракција“.