Скопјанец починал на работното место


Фото: Б. Грданоски

Во понеделникот,  околу 8 часот во СВР Скопје било пријавено дека во приватна фирма на  ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, додека извршувал работни задачи, починал Т.П.(51) од Скопје.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Увид  извршила екипа на СВР Скопје.