Скопјанец ја претепал поранешната партнерка


Фото: Б. Грданоски

Вчера бил приведен 41-годишен скопјанец, кој претходно ја претепал поранешната партнерка.

– На 26.07.2023 во 12.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода С.К.(41) од Скопје, затоа што на подрачјето на Аеродром физички ја нападнал неговата 49-годишна поранешна партнерка, информира МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.