Скопјанец физички ја нападнал својата ќерка, удирајќи ја со тврд предмет


Приведен е 43-годишен жител на скопско село, поради тоа што им се заканувал на сопругата и на ќерката, по што својата ќерка ја нападнал и физички, извести Министерството за внатрешни работи (МВР).

М.П. бил приведен вчеравечер, откако претходниот ден околу 22:30 часот во семејниот дом упатил закани кон неговите сопруга и ќерка, а потоа и физички ја нападнал својата 19-годишна ќерка, при што употребил тврд предмет.

Од полицијата велат дека за настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.