Скандал кој ретко се гледа – Русинка ја затрула противничката, оди во затвор! (видео)


Руската шахистка Амина Абакарова доживотно е суспендиранаа бидејќи наводно ја затрула својата противничка на турнир.

Четириесетгодишната Абакарова е обвинета дека на почетокот на август ја затрула својата десет години помлада ривалка Умајгнат Османова за време на првенството во Дагестан.

Руските медиуми пренесуваат дека на Абакарова освен доживотна суспензија од локалната шаховска федерација ѝ се заканува и затвор.

На социјалните мрежи е објавено видео од инцидентот, а на него може да се види како Русинката мирно се приближува до таблата на која требало да игра Османова, а потоа, како што се вели, размачкала потенцијално смртоносна количина жива на шаховската табла.

За ситуацијата да биде уште „почиста“, таа непосредно пред овој чин ги прашала луѓето дали работат камерите, на што добила негативен одговор.

По околу половина час откако го започнала натпреварот, Османова почнала да се чувствува лошо, а се пожалила на гадење и вртоглавица.

Брзо ѐ била пружена помош, а по прегледувањето на видеото, брзо била повикана полиција и Абакарова е приведена.

„Сè уште сум болна. По првите неколку минути почна да ми снемува воздух и почувствував вкус на железо во устата. Не знам како сè ќе завршеше ако не сфатев на време“, изјави 30-годишната Османова за РТ.

Малку подоцна руските медиуми објавија и полициски извештај, во кој Абакарова практично го признала делото.

Таа изјави дека сака да ја отстрани противничката од турнирот од лични причини. Планот, сепак, не бил да ја убие или сериозно да ја повреди, туку само да ја исплаши.

Абакарова моментално е во притвор, и потенцијално се соочува со затворска казна до три години.