Скандал: Хрватска на ЕУРО2021 играше со дресови со усташката шаховница на грбот


Неверојатни гафови ѝ се случија на репрезентацијата на Хрватска на Европскиот шампионат. Не само со грешките на одделни играчи.

Имено, на сите хрватски евро-дресови имаше знаме со погрешен хрватски грб. На официјалното знаме на Република Хрватска, првото поле на шаховската табла е црвено, а на дресовите на играчитеимаше шаховска табла со првото бело поле, што е симбол на усташката независна држава Хрватска.

Иако порано се користеше првото бело поле на хрватскиот грб, режимот на усташите најмногу го промовираше и првото бело поле стана заштитен знак на НДХ.

На ЕУРО се практикува знамињата на земјите кои го играат натпреварот да се наоѓаат на дресовите на тимот, заедно со натписот на местото и датумот на натпреварот.

Синоќа Хрватите играа против Шпанија во дресови на кои пишуваше Копенхаген и датумот 28 јуни 2021 година. Шпанското знаме беше точно, а хрватското знаме беше со првото бело поле на шаховската табла.

Економистите на националните тимови се задолжени за поставување на овие грбови и натписи, со цел дресовите да бидат единствени, а вистинското прашање е како настанал толку голем пропуст. И не еднаш, туку четири пати?

За да биде поинтересно, Чесите и Шкотите го имаа точниот хрватски грб на дресовите, додека Англичаните и Шпанците не го ни ставаа на дресовите.