Сите велат дека гласале, програмите неизгласани во Град Скопје


 Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје, пред почетокот на средбата на координаторите на советничките групи рече дека очекува  да биде предложен определен план што  треба понатаму да се изгласа. Според него СДСМ биле конструктивни и гласале и поддржувале предлози на градоначалничката, а за тие што не гласале имале став и образложенија. Но, генерално тој посочи дека програмите што лесно се изгласувале изминатите години сега едвај поминуваат. 

„Јас правев една споредба: В0 2021 година, кога Советот го изгласа буџетот на град Скопје за 2022 година, паралелено на тоа се изгласале и сите програми. Во 2023 година дел од програмите не се гласаа, а во оваа година имаме гласано само неколку програм – не се изгласани програмите за јавен превоз, локален превоз на патници, не се изгласани ниту дел на активности во јавната чистота, паркови и зеленило, а генерално јавните претпријатија треба да работат врз основа на изгласани програми од страна на Советот. За жал, иако сме имале определени забелешки, не сме сакале да бидеме кочничари на процесот, сме давале позитивно мислење и позитивна одлука за определени програми, но програмите за фукционирањето на јавните претпријатија не добија доволен број на гласови, односно нема мнозинство од Советот на градот Скопје за да бидат изгласани“, порача тој. 

Мартин Стојановски, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Град Скопје вели дека денеска се свикани  од страна на градоначалничката Данела Арсовска за да ги разгледаат предлозите за проекти што таа ќе ги понуди и особено решенијата за комунална хигиена, но и за неколку останати претпријатија.

„Жалам што очекувавме да имаме седница, но видовте дека имаме една затворена координација која по мене требаше да биде јавна, но со големо жалење кажувам дека ќе биде затворена.Се надевам дека во иднина ваквите координации ќе бидат отворени за јавноста за граѓаните да имаат можност да видат за што точно се работи, да ги слушнат аргументите и на советничките групи и на градоначалничката секако од другата страна“, вели тој и додава:

„Се надевам дека ќе бидат прифатени понудените одлуки доколу бидат издржани. Гледате дека градоначалничката тврди дека програмите не и се изгласани, а се изгласани, тие што се изгласани, се изгласани со мнозинство, тие што не се изгласани како за новите автобуси, проаѓаат само со 6-7 гласа, што значи дека не само советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата туку и останатите советнички групи не ги гласаат, тврдеше Мартин Стојановски.