Синовите на Меси го украдоа шоуто


Во Париз беше одржано традиционалното доделување на Златната топка, а ова признание по седми пат му припадна на Лионел Меси.

Славниот фудбалер се појави во друштво на сопругата Антонела, која овој пат се одлучи за долга тоалета во златна боја со длабоко деколте.

Сепак, ѕвезди на вечерта беа нивните синови Чиро, Матео и Тиаго, кои беа облечени исто ккао татко им во црн костум.

За потсетувањр, љубовта на на Антонела и Лео е како бајка, а се запознале уште како деца, не сонувајќи дека еден ден ќе водат живот од соништата.

Тие двајца се запознале благодарение на братот на Антонела, а Меси еднаш изјави дека со него се дружел за да може да ја гледа убавата Антонела.

Се венчаа во 2017 година, во нивнотот родно Росарио, пред 260 гости.