Силвио Мировски е светски јуниорски шампион во кик бокс


Силвио Мировски го освои златниот медал на Светското првенство во кик бокс за кадети и јуниори кое се одржува во Будимпешта, Унгарија, пренесе Екипа.

Мировски, во конкуренција на постари јуниори во категоријата до 71 килограм, во финалето го победи Иван Бородатји од Украина и го освои златото. Претходно, во полуфиналната борба славеше против Атанас Димов од Бугарија.

Како што е познато, злато на СП освои и Марија Димовска во женска конкуренција, додека Лука Змејковски со сребро се враќа од Светското првенство.

На Светското првенство учествува 2256 спортисти со над 3092 натпреварувачки влезови од 68 земји од светот.