По силното сонце – силно невреме со град и олуен ветер зафати делови од Скопје (фото)
Невремето остави поголем дел од Аеродром и Ново Лисиче без струја, не работат ни семафорите
Силен ветер со дожд и град попладнево зафати делови од Скопје. Во одредени реони како во населбите Ново Лисиче и Аеродром снема струја откако почна невремето.
Жители на Горно Лисиче, пак, јавуваат дека се уште немаат струја отако почнало невреме. Од центарот за грижа на корисници на ЕВН им одговориле:
„Станувало збор за голем дефект, паднат бил 10 киловолтен далековод“.
Освен електрична енергија, жителите на Горно Лисиче велат дека се соочуват со проблеми и со интернет врските.
Невремето во Скоје подрани зашто од УХМР соопштија дека од утре до средината на следната седмица (24.07) во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.
Од УХМР со препорака, во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.