Силен земјотрес со магнитуда од 7,7 степени ја погоди Панама, нема пријавени жртви
Земјотрес со магнитуда од 7,7 степени ја погоди јужна Панама, оштетувајќи згради и принуди илјадници луѓе да излезат на улиците, но засега нема извештаи за смртни случаи или повредени, објави Ројтерс доцна синоќа. Земјотресот се случил на длабочина од 12,6 километри, а епицентарот бил во ретко населена област на околу 200 километри од главниот град на Панама. Во часовите по земјотресот, регистрирани се повеќе од 40 последователни потреси.
Панамскиот канал и рудникот за бакар Кобра Панама продолжија со нормално работење, додека Меѓународниот аеродром Токумен ги продолжи летовите по привремената суспензија.
Земјотресот оштети згради во неколку делови од земјата, а електроенергетската компанија Натурџи објави прекини на електричната енергија во шест провинции. Геолошкиот завод на САД (USGS) процени дека економските загуби би можеле да изнесуваат помеѓу еден и десет проценти од бруто домашниот производ на Панама.
Панамските власти продолжија да ги проценуваат последиците од земјотресот.