„Силата ЕУ младите“ со концерт на „Артан Лили“ и „Занаду“ во МКЦ


Музичката програма на платформата „Силата ЕУ младите“ продолжува и денеска со уште еден целовечерен настан, што ќе се одржи во Младинскиот културен центар (МКЦ), информираат од Центарот.

– Настанот почнува во 21 часот и ќе обедини и претстави две сцени на современа поп и рок музика. Првата белградска, со концерт на култните „Артан Лили“, еден од најмногу споменуваните бендови во регионот, кога се зборува за новата домашна и регионална музичка сцена. Втората скопска, со концерт на бендот „Занаду“, најмладата и надоаѓачка сила на македонската музичка сцена. Совршен спој на квалитетен звук и изведба што гарантира добра забава за вистинските љубители на музика од различна генерација, потенцираат од МКЦ.

Влезниците за настанот, како што се појаснува во соопштението, може да се обезбедат преку интернет или на билетарницата на МКЦ по цена до 400 денари.