Сијарто: Миграциите мора да останат под национална надлежност
Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто денеска го повтори ставот на Унгарија дека прашањето за миграциите мора да остане во национална надлежност.
Тој ова го изјави за време на видеоконференцијата за договорот за ЕУ од Котун.
Сијарто разговараше со министрите за надворешни работи на Полска, Естонија и Малта, за договорот што ЕУ го потпиша во 2000 година со Африканската и Карипско-пацифичка група држави (АЦП), за кој во моментов повторно се преговара.
Тој ги оцени поглавјата за миграцијата како најкритичен дел од договорот и додаде дека договорот не содржи ниту еден збор за безбедносните и здравствените ризици што ги носи миграцијата во Европа.
– За жал, Европската комисија повторно зазеде промиграциски став, рече Сијарто, истакнувајќи дека ова ќе ја промовира миграцијата од земјите на АЦП.
– Но, ние не прифаќаме другите да ни кажат кому треба да дозволиме да влезе во Унгарија затоа што не прифаќаме промоција на миграцијата за работни цели, рече Сијарто, додавајќи дека како резултат на тоа, милиони луѓе ќе останат без работа.