Швјонтек во полуфинале на олимпискиот турнир
Париз– Полската тенисерка Ига Швјотнек се пласираше денеска во полуфиналето на олимпискиот турнир во Париз, откако Американката Даниел Колинс ѝ го предаде дуелот во третиот сет.
Швјонтек го доби првиот сет со 6:1, а Колинс беше подобра во вториот со 6:2. Полската тенисерка водеше со 4:1 во третиот сет, пред Колинс да го предаде мечот.
Најдобрата светска тенисерка во полуфиналето ќе игра против Кинвен Жен од Кина.