Што облекоа супербогатите на свадба кај најбогатиот човек на Индија


Илјада и двеста гости викендов се забавуваа на предсвадбените прослави на синот на најбогатиот Индиец во светот, Мукеш Амбани. Свадбата на неговиот најмлад син, 28-годишниот Анант Амбани и Радика Мерчант (29) е во јули, но тридневната забава одржана во градина од 1.200 хектари, сместена во теренот на рафинеријата за нафта во Јамнагар, во државата Гуџарат, родната на Амбани, привлече исто така богати и моќни гости кои се облекоа во светкави комбинации. Од индиски милијардери до познати личности од Боливуд, и милијардери и славни личности како Бил Гејтс, Марк Цукерберг и Иванка Трамп.
 
Невестата носеше фустан на Версаче , сличен на оној што го носеше Блејк Лајвли на Мет Гала во 2022 година.- Младоженецот Анант Амбани

За едно од најбогатите семејства во Индија, венчавката не е само свадба – тоа е спектакл дизајниран да ги заслепува дури и најбогатите и најмоќните луѓе во светот.
 

Во 2018 година најбогатиот човек во Индија, Мукеш Амбани, ѝ приреди на својата ќерка Иша, најскапата свадба што земјата некогаш ја видела, каде што настапуваше Бијонсе и гости присуствувале на приеми во италијанското езеро Комо, како и во Мумбаи и Раџастан, на пријавени трошоци од речиси 100 милиони долари.

Невестата со свекорот и свекрвата

Весниците ширум Индија претходно беа преплавени од деталите за свадбените прослави, во кои Анант Амбани ќе се ожени со Радика Мерчант , ќерка на добро познато деловно семејство кое раководи со Encore Healthcare, голема индиска фармацевтска фирма.

Марк Цукерберг со сопругата

Според листата на „Форбс“, Амбани, претседател на конгломератот Reliance Industries кој се занимава со сè, од енергија до текстил и телекомуникации, е најбогатиот човек во Азија, вреден 112 милијарди долари. Антила, 27-катната куќа на Амбани во Мумбаи, привлече глобално внимание кога беше изградена, наводно чини повеќе од 1 милијарда долари. Тој беше на листата на „Форбс“ како најскап имот во светот.

Милијардерот и филантроп Бил Гејтс со домаќините

Иако целосните детали за венчавката, која се очекува да се одржи во јули, сè уште не се објавени, тридневната предсвадбена забава викендов беше раскошен настан  исполнет со ѕвездички.

Иванка Трамп со сопругот и ќерката

Првиот ден од забавата, имаше коктел со тема „Вечер во вечноста“ и заврши со приватен настап на Ријана.

Вториот ден од тридневните прослави имаше „прошетка на дивата страна“ до блискиот центар за спасување животни Reliance.

Адар Пунвала, директор на Институтот за серум во Индија со сопругата

Градината има дрвја со повеќе од 10 метри и најголемиот овоштарник со манго во Азија, а исто така е дом на центарот за спасување и рехабилитација на животни, кој има 2.000 спасени животни и од Индија и од целиот свет, вклучувајќи леопарди, тигри, лавови, јагуари и слонови.

Боливудските ѕвезди Кан

Околу 2.500 јадења им беа сервирани на гостите во текот на трите дена за да се осигура дека никогаш не го јадат истото јадење двапати.

Гостите на сцена со Ријана

Додека малкумина во Индија можат да си дозволат раскошни свадби слични на Амбани, бројките покажуваат дека свадбите во Индија продолжуваат да стануваат поголеми и повеличествени. Индија сега троши над 75 милијарди долари на свадби секоја година, што ја прави четврта по големина индустрија во земјата.

Поп-ѕвездата Ријана