Што најмногу ги привлекува комарците – оваа група на луѓе им е „омилена“


Женските комарци зависат исклучиво од протеините од човечката крв, а некои се по „вкусни“ од другите.

Во секое општество постои личност која е попривлечна за комарците, додека има и такви кои ги избегнуваат. Луѓето со крвна група Б се во златната средина.

За што точно се работи?
Имено, според Универзитетот во Флорида, еден од водечките фактори е вашата крвна група, пишува Аваз.

Вашата крвна група е најважна за комарците, но не и за мажјаците. Женските комарци зависат исклучиво од протеините од човечката крв, а некои се по „вкусни“ од другите.

Така, истражувањата докажаа дека луѓето со нулта крвна група се двојно попривлечни, за разлика од оние со крвна група А. Луѓето со крвна група Б се во златната средина.

Исто така, дури 85 отсто од луѓето произведуваат секрет кој им сигнализира на нивната крвна група на комарците, па затоа и повеќе ги привлекуваат.