Што ќе гради Општина Илинден со парите од Владата
Општина Илинден доби финансиски средства за реализација на четири капитални проекти како учесник во владиниот јавен повик.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски ги потпиша договорите за користење на финансиски средства со Министерството за транспорт, а средствата ќе бидат наменети за реализација на капитални проекти кои ќе овозможат поквалитетен живот на граѓаните од општина Илинден.
Како што истакна градоначалникот Георгиевски, финансиските средства ќе бидат наменети за реализација на проектот „Изградба на улица 500 aрмирано-бетонски плочаст мост над одводниот канал кај Меморијалниот центар во населба Јака, реконструкција на коловозот на локалниот пат Бујковци-Мршевци со одведување на атмосферските води од локалниот пат, изведба на фекална канализација за дел од населено место Кадино колектор К4, како и за изградба на сервисна улица бр.19 во УП за Илинден, Марино и дел од КО Кадино блок 32.